ВМРО-ДПМНЕ: 12 директори на Хирургија и министерот Илир Демири се виновни за сите откажани, одбиени и препратени зафати во изминативе 15 дена
12 директори на Хирургија и министерот Илир Демири се виновни за сите откажани, одбиени и препратени зафати во изминативе 15 дена, обвинува ВМРО-ДПМНЕ.
Според партијата, 15 дена директорите и Демири не прават ништо за да го санираат проблемот на Хирургија.
-Повеќе од две недели пациенти ширум државата трпат последици од неможноста врз нив да биде направен медицински хируршки зафат. 15 дена директорите на Хирургија и министерот Демири не прават ништо да го санираат проблемот на Хирургија. Раководителите во здравството назначени од СДС и ДУИ како намерно да го доуништуваат здравството во последните денови пред заминување. Народот страда заради односот на СДС и ДУИ кон здравството. За сите кои ја предизвикале штетата на Хирургија и за сите кои не правеле ништо да се санира ќе има одговорност, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа