Влен: Клопчето почна да се одмотува – фамилијарните скандали први на тапет

 

Институциите покажуваат подготвеност да делуваат ефикасно и да испорачуваат правда, без разлика на етничка, верска или политичка припадност. Влен го поздравува предлогот на Министерството за финансии и одлуката на Владата за одземање на првите две лиценци за коцкарници кои не го почитувале законот, велат од Влен.

„Истовремено, Барањето за автентично толкување кое го поднесовме во Собранието, како дел од Планот на Влен за справување со штетните последици од коцкањето, ќе овозможи затворање на интернет коцкарниците и ќе создаде правни предуслови за одговорност за сите поранешни функционери кои со неодговорни одлуки ја донесоа коцката во секој дом.


Новата Влада го започна процесот на обезбедување на владеење на правото, правната сигурност и еднаквост пред законите и тоа веќе никој не може да го сопре. Кривичните пријави против Дрин и Бесиан Ахмети е потврда дека повеќе нема недопирливи само затоа што се роднини на високи партиски функционери. Очекуваме правосудните органи да делуваат ослободени од политички влијанија, да ги ценат доказите во фер и транспарентна постапка што ќе придонесе за враќање на довербата на граѓаните дека правдата е достижна и за највисоките политички кругови“, стои во соопштението на Влен.

25.07.2024 - 09:33

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега