Влада: Исплата на пензиите од 29 мај
Се препорачува на деловните банки, преку филијалите и експозитурите на банките, да обезбедат готовинска исплата на пензии за граѓаните кои не користат картички, според распоред во зависност од висината на пензијата и тоа:
· за пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 29.05.2023 година (понеделник);
· за пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши на 30.05.2023 година (вторник);
· за пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши на 31.05.2023 година (среда) и
· за пензии со висина над 18.001 денари, исплатата да се изврши на 01.06.2023 година (четврток)“, стои во владиното соопштение испратено до медиумите.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа