Виница: Газдарицата ме принуди да земам брз кредит ми ги зема парите и ме избрка

Сопственичка на куќа во која живеела под кирија принудила 36 годишна жена на свое име да земе брз кредит. Потоа со закана и ги одзела парите и ја избркала од куќата. Информацијата ја потврди МВР.

„Вчера во 16.00 часот во ОВР Виница, 36 – годишна жена од Виница пријавила дека на почетокот на јули 2024, С.Н., сопственичка на куќата во Виница во која престојувала под кирија, ја принудила да подигне брз кредит, по што со закана и ги одзела парите и ја избркала од домот. За настанот е известен јавен обвинител и се преземаат мерки за негово целосно расчистување.“ – велат од МВР

 

 

03.09.2024 - 17:00

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега