Вимблдон организира специјална церемонија за Федерер

 

Поранешниот швајцарски тенисер Роџер Федерер утре ќе се појави на централниот терен на Вимблдон на специјална церемонија на која организаторите ќе му оддадат почит за сите успеси кои ги постигна во својата кариера на лондонскиот грен – слем турнир.

Федерер осум пати го освојуваше Вимблдон, што е рекорд во поединечна машка конкуренција.

„Роџер утре ќе биде со нас и ќе имаме можност да му оддадеме почит за сè што направи тука“, изјави претседателката на Ол Ингланд клуб, Сели Болтон

На церемонијата беше поканета и американската тенисерка Серена Вилијамс, но таа го откажа патувањето, бидејќи е бремена.

Серена Вилијамс седум пати триумфираше на Вимблдон, а професионалната кариера ја заврши минатата година.

03.07.2023 - 22:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега