(ВИДЕО)Путин: Нема простување за предавство
Видео интервјуто на Владимир Путин вирално се споделува на социјалните мрежи после бунтот на лидерот на Вагнер, Јевгениј Пригожин.
Некои, како украинскиот активист Игор Сушко, сметаат дека неговиот одговор е многу индикативен за тоа што го чека Јевгениј Пригожин во следните денови.
Да потсетиме, откако Пригожин ги предводеше своите платеници на маршот кон Москва, кој во саботата изгледаше како почеток на граѓанска војна (исто така загинаа и неколку пилоти на руските воздухопловни сили), шефот на платениците на Вагнер беше „засолнат“ во Белорусија. Наводно, на иницијатива на белорускиот претседател Лукашенко.
Како што веќе рекоа неколку угледни аналитичари, „Јевгениј Пригожин треба да внимава на отворените прозорци во наредните денови“.
А за тоа сведочи и споменатото интервју. На видеото новинарот го прашува Владимир Путин дали е склон да простува и дали може да им прости на луѓето околу него.
„Да, но не сè…“, одговара Путин.
„Што не можете да простите?
„Предавство“, рече Путин.
„Нема сомнеж каква судбина го чека шефот на Вагнер“, мрачно заклучува еден аналитичар.
Journalist: “Are you able to forgive?”
Putin: “Yes, but not everything.”
Journalist: “What is impossible to forgive?”
Putin: “Betrayal” pic.twitter.com/6zFmp4CQ0l— Lord Bebo (@MyLordBebo) June 24, 2023
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа