ВИДЕО: Во кофи се собира водата која прокапува на Интензивна нега во 8 Септември

„Денешна состојба во ГОБ 8 Септември каде прокапува вода од кровот во просториите на ИНТЕНЗИВНАТА НЕГА“. Вака здравствените власти кои ќе останат запаметени по урнисување ја оставаат Градската болница по седумгодишното владеење“, обвинуваат од Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ. Тие објавија видео на социјалната мрежа Фејсбук, на која може да се забележи кофа, која наводно е поставена за да ја собира водата која протекува од кровот во болницата, на просториите на Интензивна нега.

„Ќе останат запаметени по деградирањето, елементарна негрижа и неодговорното однесување како во оваа установа каде не се води грижа за кадарот, нема основни материјали, не се воведе онколошка дејност и покрај 10 сечења ленти за оваа цел. Иста или слична поразителна ситуација имаме и во сите јавни здравствени установи“, обвинија од опозициската партија.

01.04.2024 - 18:41

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега