(ВИДЕО) Велашани колабираат по улици - не можат да го поднесат силното сонце
Велешани колабираат по улици - не можат да го поднесат силното сонце. Екипите на Итната помош се со полни раце работи и секојдневно се на терен.
Вклучените се сирените на амбулантните возила низ градските улици како во денот така и во раните вечерни часови се поради зголем број на повици за интервенција на лекарските екипи во домашни услови или за сообраќајни незгоди. За 12 дена во месец јуни 623 граѓани се прегледани од страна на екипи на Итната помош и 244 во домашни услови. пренесува порталот duma.mk. Итна помош интервенирала и над девет колабирани граѓани на улица, вели др Елена Коцевска.
„Поради нагло зголемување на температурите бројот на колапси е во пораст во текот на месец јуни, поточно во втора половина кога интервениравме на девет колапси на градските улици. Што се однесува на овој период односно од 15 јуни до денеска вкупно 623 пациенти се прегледани амбулантски и уште 244 во домани посети, додаде др Коцевска.
Лекарите препорачуваат до сите граѓани да консумираат најмалку два литри вода, да се носи памучка облека, како и да се консумира повеќе овошје и зеленчук. Доколку почуствуваат главоболка, замор или други симтоми на топлотен удар веднаш да се обратат кај матичните лекари.
Целата вест прочитајте ја ТУКА.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа