(ВИДЕО) „Убав фустан“ и рече Лавров на новинарката која го праша за договорот за жито

 

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров беше прашан дали Црноморскиот договор за жито е мртов, но тој реши да не одговори на прашањето, пишува руската агенција ТАСС.

Лавров беше на пат од состанокот на Советот за безбедност на ОН, со кој претседаваше, на средба со генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш, кога новинарот на Ројтерс му постави прашање за договорот за жито. Министерот Лавров застана пред новинарката, но само за да и даде комплимент.

„Убав фустан“, рече тој.

Се очекува Гутереш и Лавров да разговараат за можноста за продолжување на договорот за жито по 18 мај.

25.04.2023 - 18:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега