ВИДЕО: Теа Таировиќ објави албум со 13 нови песни и спотови
Познатата пејачка Теа Таировиќ објави нов, трет студиски албум по ред, со дури 13 нови песни и спотови за секоја од нив.
Пејачката овој пат како автор се потпишува на поголемиот дел од албумот, што за неа претставуваше поголем предизвик, но и поголемо задоволство.
Новиот албум се вика „ТЕА“, а новите песни се „Збогом љубови“, „Бакшиш“, „Позови“, „Теа“, „Пец“, „Наивчина“, „Титаник“, „Ола“, „Нек ти е среќен“, „Удри“, „Име ми е љубав“, и песната „ТЕАНУЧИ“ која ја сними со популарниот Нучи, која воедно е и единствениот дует на новиот албум.
„Каква жена... Сама прави песни и го прави тоа како никој досега, го заслужуваш целиот успех“, „Кралицата е тука и така е“ , се само дел од коментарите на фановите.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа