ВИДЕО: Тајфунот во Јапонија уби четири лица, најмалку 96 се повредени

 

Жителите на Јапонија беа повикани да бидат внимателни денеска бидејќи тајфунот Шаншан, во кој загинаа четворица, а повредени се најмалку 96, продолжи да се движи кон североисточниот дел на земјата.

Бројот на жртвите го објави јапонската телевизија НХК. Ова е десетти тајфун сезонава во земјава.

Иако е ослабен откако вчера рано наутро тајфунот го погоди Кјушу, југозападниот јапонски Голем остров, тој продолжи да минува низ големи делови од земјата со обилни врнежи од дожд. Следеа поплави и причинета е штета, а сообраќајот беше сериозно во прекин.

Јапонските метеоролошки власти ги повикаа жителите да бидат крајно внимателни поради зголемениот ризик од лизгање на земјиштето и поплави. Три лица загинаа во лизгање на земјиште во централниот регион Аичи.

Во Токушима на Шикоку, најмалиот од четирите главни јапонски острови, 80-годишен маж загина кога се урна покривот на неговата куќа, објави НХК.

 

 

 
30.08.2024 - 11:42

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега