ВИДЕО: Стотици демонстранти упаднаа во шведската амбасада во Багдад, ја запалија
Стотици демонстранти рано утринава упаднаа во шведската амбасада во Багдад и ја запалија, објави Ројтерс.
Извор на агенцијата рече дека нема повредени вработени во амбасадата, а официјални лица од шведската амбасада во Багдад допрва треба да го коментираат инцидентот.
Протестот беше организиран од приврзаниците на шиитскиот свештеник Муктада Садр пред очекуваното палење на муслиманската света книга Куранот во Шведска. Се посочува дека ваквите работи во минатото доведоа до големи протести и осуди во земјите со мнозинско муслиманско население.
Некои видеа покажуваат чад што се издига од зграда во комплексот на амбасадата. Ројтерс истакнува дека не можеле самостојно да ја потврдат автентичноста на видеото.
Исто така, се уште не е познато дали имало некој во амбасадата во моментот на нападот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа