(ВИДЕО) Со секири и палки нападнати навивачи на Партизан пред „Штарк арена“

 

По натпреварот од 23. коло во Евролигата меѓу Партизан и Жалгирис, пред најголемата српска сала биле нападнати голем број на навивачи. 

Засега непознати напаѓачи со палки и фантомки тепале навивачи кои излегувале од "Штарк Арената".

На натпреварот присуствувале 20.000 навивачи, и не се знае каде била полицијата по завршувањето на големиот собир. Присутните во паника бегале на сите страни и настанало стампедо.

Луѓето на социјалните мрежи се сомневаат и посочуваат дека напаѓачите се навивачи на Црвена звезда, поради инциденти кои се случувале во минатото. 

27.01.2024 - 12:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега