ВИДЕО: Смртоносно стампедо пред стадион во Ирак

 

 

Во стампедо пред стадион на југот на Ирак денеска, најмалку две лица загинаа, а неколку десетици се повредени, соопштија здравствените власти.

Трагедијата се случи кога се собраа гледачите на финалниот натпревар на првиот меѓународен фудбалски турнир во оваа земја во последните четири децении.

Официјалната агенција ИНА јави дека дел од повредените во стампедото пред меѓународниот стадион „Басра“ се во критична состојба, пренесе АП. Докторот од локалната болница изјави дека загинале две лица, а 38 се повредени, а некои се отпуштени од болница. Тој сакаше да остане анонимен бидејќи не е овластен да зборува со медиумите.

Министерството за внатрешни работи ги повика лицата кои немаат билети за финансискиот натпревар да го напуштат просторот на стадионот, бидејќи објектот е полн и сите порти се затворени.

 
19.01.2023 - 19:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега