(ВИДЕО) Скандал со директорот на Фајзер: Прво нападна новинар, па му го искрши таблетот
Џордон Тристон Вокер, директор за истражувања и развој во фармацевтската компанија Фајзер физички го нападнал новинарот кој по тајно снимениот разговор во кој Вокер признава дека компанијата е подготвена да го мутира коронавирусот за да продава вакцина што повеќе ќе се продава му приоѓа и му бара изјава. Вокер, видно вознемирен почнува да се правда “ дека бил на љубовен состанок и дека лажел за да го импресионира партнерот“.
По само неколку секунди, тој физички го напаѓа новинарот и присутниот снимател и се обидува да го уништи снимениот материјал каде признава дека Фајзер со фактот дека вакицните не се ефикасни против варијантите на вирусот ќе се справи така што сам ќе го мутира вирусот и ќе направи “скроена“ вакцина.
На прашањето на новинарот што планира да дали Фајзер мисли да го мутира КОВИД вирусот, тој одговара:
“Тоа е нешто што не го кажуваме во јавност. Не. Немој да го кажеш ова никому, вети ми дека нема да кажеш. Истражуваме – знаете дека вирусот сам си мутира? Една од работите што ја истражуваме е зошто ние самите да не го мутираме за да можеме да развиеме превентивно нови вакцини. Ако го направиме ова, секако ќе има ризици, можете да си замислите. Никој не сака да има фармацевтски мутирани вируси“.
Во таа насока, Вокер на соговорникот му вели дека се сомнева дека тоа се има случено и во Вухан, каде за прв пат се појави коронавирусот, потеницрајќи дека нема смисол вирусот да се појави од нигде никаде.
“Ќе биде супер за индустиријата, но не и за сите други во Америка, да бидам искрен“, вели Вокер околу нивното мутирање на коронавирусот.
Директорот на Фајзер објаснува дека за да го направат тоа, ќе бидат употребни живи мајмуни, на начин да ги заразат со вирусот. Потоа да ги увидат во примероците разликите во протеинот и на тој начин да ги увидат мутациите и да ги принудат да мутираат како што сакаме.
Видеото погледнете го ТУКА.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа