ВИДЕО: Силен земјотрес со јачина од 6,8 степени го погоди Мароко

 

 

Силен земјотрес го погоди Мароко доцна синоќа, во неколку марокански градови уништи згради и ги натера луѓето да ги напуштат своите домови, а според прелиминарните податоци на МВР загинале најмалку 296 лица, а 153 се повредени.

Мароканскиот геофизички центар соопшти дека земјотресот се случил во областа Игил со јачина од 7,2 степени. Американскиот геолошки институт ја процени јачината на земјотресот на 6,8 степени и соопшти дека е на релативно мала длабочина од 18,5 километри.

Игил, планинска област со мали земјоделски села, се наоѓа на околу 70 километри југозападно од Маракеш. Земјотресот се случил нешто по 23 часот по локално време.

Локален функционер изјави дека најголем дел од смртните случаи се случиле во планинските области кои се тешко достапни.

Жителите на Маракеш изјавија дека некои згради се урнале во стариот град – светското наследство на УНЕСКО, а локалната телевизија прикажа слики од срушеното минаре на џамијата со урнатини што лежат врз згмечените автомобили. Монтасир Итри, жител на планинското село Асни во близина на епицентарот, рече дека повеќето од куќите таму се оштетени.

„Нашите соседи се под урнатините и луѓето напорно работат да ги спасат, користејќи ги расположливите ресурси во селото“, сведочеше тој.

 

 
09.09.2023 - 10:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега