(ВИДЕО) Се судрија два автобуси во Њујорк: „Беше како на филм, крв и стакло насекаде“
Вработените во Брзата помош рекоа дека се работи за тешка несреќа и дека е незгодно да им се пружи помош на лицата кои се наоѓале во двокатниот автобус.
„Имавме некои предизвици во двокатниот автобус, беше незгодно да се помине низ прозорците и да се извлечат патниците надвор“, рече Пол Хопер, заменик-шеф на одделот 1 на брзата медицинска помош во Њујорк, пренесува Ен-би-си њус.
Тој додаде дека работниците на брзата помош морале да користат скали и јажиња за да ги спуштат луѓето од катот на автобусот. Многу од повредените имаат исеченици, модринки и гребнатини, заедно со сомнителни скршеници и повреди на главата и вратот, рече Хопер.
„Никој нема повреди опасни по живот“, кажа Хопер, додавајќи дека уште 63 патници побарале да бидат прегледани од лекар кој бил на местото на настанот. Засега не е познато што што ја предизвикало сообраќајката.
„Слушнав жена до мене како вреска, па го кренав погледот и видов автобус кој забрзано се движи кон нас. Одеднаш видов стакло насекаде. Искрено, тоа беше како на филм. Видов крв. Веднаш се јавив на 911“, рече Ишрак Јахан, патник од едниот автобус.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа