(ВИДЕО) СДСМ: Александар Николоски е новиот Чак Норис, за два месеци направи пат кој велеше дека не е до никаде
Александар Николоски е уште еден политичар кој е новиот Чак Норис во владата на Мицкоски. За време на изборнат камапња Александар Николоски жестоко критикуваше дека патот Градско-Дреново не е до никаде, за денес да објави фотографија дека е речиси готов, велат од СДСМ.
„Кога СДСМ објави видео од речиси завршениот пат а министерот Бочварски и противкандидатот на Николоски, претседателот Филипче се возеа по делницата, Николоски објави слики од разрушени карпи како доказ дека СДСМ лаже. Сега Николоски со практично идентични снимки од СДСМ се фали дека го завршил патот.
Лицемерието на Николоски и ВМРО-ДПМНЕ и потребата да се фалат со проекти на СДСМ наликува на сцена од комедија. Патот Градско-Дреново е целосно резултат на работата на СДСМ и Николоски може единствено да оди да се слика кога тој ќе биде пуштен во употреба.
Да се потсетиме што објави СДСМ и како реагираше Николоски“, стои во соопштението на СДСМ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа