ВИДЕО: Саксофонистот Горан Папаз објави прекрасна преработка на песна од Тоше

 

Саксофонистот Горан Папаз објави преработката на песната „Го молам ноќва небото“ од Тоше Проески.

Како продуцент и гитарист на песната се потпишува Танче Гроздановски, пијаното го отсвире Иван Еминовиќ а вокалот е на Андреа Гроздановска.

„Маестро Григор Копров кој е автор на музиката и еден од најдобрите текстописци кај нас, Огнен Неделковски, несебично дадоа дозвола за да се направи оваа преработка“, информираше Папаз.

Песната е снимена во студиото Гроздановски.

18.12.2021 - 11:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега