(Видео) Русите тврдат дека Украинците ја нападнале Москва со дронови: „Ова е терористички чин“

 

 

Две беспилотни летала лансирани од Украина рано утринава ја нападнаа Москва, но беа пресретнати и уништени, соопшти руското Министерство за одбрана.

Руските државни новински агенции објавија дека делови од дронот биле пронајдени на два километри од зградите на министерството. Нарекувајќи го „терористички напад“, Министерството за одбрана на својата апликација за пораки Телеграм објави дека нема жртви во нападот.

Ниту Министерството за одбрана, ниту градоначалникот на Москва Сергеј Собјанин не соопштија каде биле пресретнати беспилотните летала.

Руските државни новински агенции јавија, повикувајќи се на итните служби, дека делови од дронот биле пронајдени во близина на зграда на авенијата Комсомолски, која е недалеку од зградите на Министерството за одбрана.

Сообраќајот на таа авенија беше затворен, како и на авенијата Лихачев на југот на Москва, каде беше оштетена висока деловна зграда, јавуваат агенциите.

Од Киев нема коментар.

24.07.2023 - 10:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега