ВИДЕО: Ракетата на Илон Маск експлодира неколку минути по лансирањето
Ракетата SpaceX Starship на милијардерот Илон Маск експлодира четири минути по лансирањето.
Двата дела од ракетата летнаа кон вселената, но наидоа на проблем кога Super Heavy Booster и Starship не успеаја да се разделат.
Неуспехот предизвика двата дела да паднат кон Земјата, но имплодираа за време на спуштањето.
Во ракетата немаше човечки екипаж, ни сателити.
Маск минатиот месец тврдеше дека има 50 отсто шанси неговото летало да експлодира за време на лансирањето.
Станува збор за најголемата и најмоќна ракета во историјата на Starship. Ова беше втор обид да успех, откако лансирањето беше откажано во последен момент пред два дена.
Леталото од 120 метри е повисоко од Статуата на слободата и беше лансирано од базата Бока Чика на SpaceX во Тексас.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа