(ВИДЕО) Пожарот од Старо Нагоричане се прошири кај с.Бељаковце - се гасне само од копно, хеликоптерот на полицијата се повлече
Пожарот кој повторно се појави на територија на Старо Нагоричане, сега е активен на територијата на село Бељаковце.
„За жал овој крак не успеавме да го изгаснеме и покрај упорното дејство на полицискиот хеликоптер којшто пред малку се повлече затоа што веќе настапува ноќта. Ќе се обидеме во следните часови со пожарникари, да влеземе кај него и да го изгаснеме, за да не се прошири. Но, не сум голем оптимист бидејќи гори шума, горат грмушки и трева, тешко е и ризично гаснењето на вакви пожари, особено ако се земе в предвид ветрот којшто повремено се појавува и го менува својот правец“, изјави Ангелов.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа