(Видео) Последно збогување на Берлускони: Ковчегот со телото стигна во миланската катедрала, дочекан со раскопескање

 

 

Над 2.000 луѓе присуствуваа во катедралата во Милано, на погребот на поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони, кој почина викендов на 87-годишна возраст.

По воените почести на плоштадот пред Миланската катедрала, како дел од државниот погреб, ковчегот со телото на Берлускони е внесен во катедралата во придружба на шест карабинери, пишува италијански Ла Стампа.

Влегувањето на ковчегот беше поздравено со аплауз од илјадници луѓе пред и внатре во катедралата.

Миланскиот архиепископ Марио Делпини истакна дека Берлускони бил бизнисмен кој доживеал и успеси и неуспеси, политичар кој изгубил и победил, но и личност која имала обожаватели и клеветници, „оние кои му аплаудирале, но и оние кои го мразеле“, пренесува Асошиетед прес.

„Но, во овој момент на прошка и молитва, што да кажеме за Силвио Берлускони? Тој беше човек желен за живот, љубов и радост. Тој е човек кој сега се среќава со Бога“ изјави Делпини.

Покрај семејството и пријателите на Берлускони, на погребот ќе присуствуваат и италијанската премиерка Џорџа Мелони, италијанскиот претседател Серџо Матарела, лидерот на Лигата Матео Салвини, италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани, како и поранешните премиери Матео Ренци, Паоло Џентилони и Марио Драги.

14.06.2023 - 17:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега