(ВИДЕО) Полицајци тепале обезбедување во казино

 


Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР поднесе кривична пријава против Д.П., полициски службеник во Полициската станица за гранични проверки и граничен премин Деве Баир, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“ по член 386 од Кривичниот законик и пријава за констатиран прекршок по Законот за прекршоците против јавниот ред и мир против Н.Д., исто така, полициски службеник во Полициската станица за гранични проверки и граничен премин Деве Баир. На 04.11.2023 во казино во Куманово, пријавениот Д.П. физички нападнал лице вработено како обезбедување во казиното и агресивно се однесувал кон полициски службеници од Полициската станица Куманово, кои извршувале службени дејствија. Н.Д., кој бил заедно со Д.П., го нарушил јавниот ред и мир и агресивно се однесувал кон обезбедувањето.

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди против двајцата полициски службеници поднесе предлог за поведување на постапка за кршење на работниот ред и дисциплина по член 210 од Колективниот договор на МВР. Додека за Д.П. изречена е мерка за отстранување од работното место до донесување на решение во дисциплинската постапка.

При преземање мерки за расчистување на случајот било констатирано дека при интервенцијата, Д.К. и Ф.М., двајцата полициски службеници од Полициската станица Куманово, не ги преземале сите потребни службени дејствија против лице од обезбедувањето во казиното и не изготвиле поднесок против него. И против нив Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди поднесе предлог за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност по член 210 од Колективниот договор на МВР. 

29.02.2024 - 09:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега