ВИДЕО: Полицајци газат демонстрант – тој писка од болка

Полицијата ги растури протестите пред Собранието. Откако кордонот полицајци тргна напред почна и да ги удира демонстрантите. Еден полициски службеник од зад грб удри протестирач кој потоа удри во кордонот и падна на земјата.

Само десетина минути потоа, полициски службеници приведоа младо момче, но го газеа и тој пискаше од болка. Дел од демонстрантите бараа од полицијата да не го гази и да го ослободи, но службениците не попуштија.

Деловите од видеото се преземени од лајв стримот на Радио Слободна Европа.

И од друг агол.

 

05.07.2022 - 22:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега