Падна директорка на градинка во Велес - имала лажна диплома


Директорка на детска градинка во Велес доби кривична пријава од полицијата под сомнение дека ја фалсификувала дипломата за познавање на англиски јазик.

Како што информираше полицијата, 44 годишната директорка си обезбедила фалсификуван сертификат за познавање на англиски јазик од училиште за странски јазици во Пловдив, Бугарија и иако знаела дека не е валидна ја користела за да може да конкурира на огласот за директорка по што била и именувана на функцијата.

Од МВР го потврдуваат овој случај и велат дека директорката ќе ја гонат за употреба на исправа со невистинита содржина.

26.04.2024 - 10:25

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега