(ВИДЕО) Пиштат сирените во Израел: Останете во засолниште и слушајте ги наредбите

Израелските одбранбени сили (ИДФ) ги повикуваат Израелците „да останат внимателни и прецизно да ги следат упатствата на командата“.

„Откако ќе ја слушнете сирената, мора да влезете во заштитеното подрачје и да останете таму до понатамошно известување“, стои во наредбата.

Сирените продолжуваат да се огласуваат низ Израел поради иранскиот ракетен напад. Некои медиуми во Израел сугерираат дека во нападот биле истрелани повеќе од 100 проектили. Снимките покажуваат пресретнување и шрапнели како паѓаат над Израел.

01.10.2024 - 19:30

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега