(Видео) Пилот на хеликоптер во Италија избегнал смрт

Италијански пилот на хеликоптер избегнал смрт за време на вежба на специјализираната италијанска алпска армија во Мерано, според написите во регионалните медиуми.На видеото според извештаите се гледа хеликоптер АБ-205 кој се наоѓа на само неколку сантиметри пред да удри во карпа, но во последен момент пилотот успеал да го контролира леталото и да ја избегне трагедијата.„Ризикот од удар беше очигледно висок. Еден од колегите што го видел видеото го нарече чинот на пилотот „вистинско чудо“, изјавил воздухопловниот експерт Дејвид Сенчиоти, пишува „Дејли Мејл“.

Хеликоптерот бил однесен на аеродромот во Болзано, а при инцидентот настанала мала штета.

05.10.2022 - 22:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа