(ВИДЕО) Паднаа пресуди, ама и понуда за брак среде судница

 

Паднаа пресуди, ама и понуда за брак среде судница.

Неочекувано запросување се случи при денешната пресуда на случајот „Софтвери“. Четвртообвинетиот, Даниел Станчев, откако му пресудија четири години затворска казна, ја побара својата девојка, којашто е всушност обвинета во истиот случај, Ирена Ивановска за жена.

Присутните останаа вџашени од овој потег на Станчев, но сепак Ивановска одговори потврдно. Атмосферата во судница беше емотивна, а имаше и по некоја солза. По потврдниот одговор на обвинетата Ивановска, заљубениот пар си размени нежности, поточно следеа прегратки и бакнежи.  

Судијката Фанка Јанчулева-Михаиловска рече дека споделиле убав момент и даде пауза од половина час за советот да одлучи дали ќе им определи притвор на четворицата обвинети.

06.07.2023 - 16:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега