(ВИДЕО) Опасна бура и се заканува на Европа: метеоролозите предупредуваат дека никогаш не виделе нешто слично
Опасната бура „Еовин“, која носи урагански ветрови, силен дожд и снег, се движи кон Велика Британија, со црвени предупредувања издадени за Северна Ирска и делови од Шкотска во петокот.
Метеоролозите предупредуваат на бурни ветрови кои ќе дуваат и до 160 км/ч, а остатоците од покривите и куќите што ги носи ветерот може да бидат опасни по живот.
Метеоролошката служба предупреди дека очекуваат оштетувања на згради, разнесени покриви, паднати дрвја и значителни нарушувања во сообраќајот со потенцијално откажување на летови, возови и траекти. Можни се и прекини на струја, од кои некои би можеле да траат и неколку дена.
Синоптичарите дури ги предупредиле сопствениците на домашни миленици да ги држат своите кучиња со каишки поради страв дека силните бранови би можеле да ги однесат на брегот. Од милиони луѓе е побарано да останат дома, училиштата во Северна Ирска ќе бидат затворени, а на луѓето им било кажано да не патуваат во Шкотска.
Министерот за образование рече дека одлуката за затворање на училиштата е донесена со цел да се избегне каква било потенцијална опасност по животот на децата.
– Училиштата денеска треба да развијат планови за учење на далечина за учениците да можат да учат дома – рече тој.
– Ова е огромна бура. Никогаш не сум видел такво нешто во кариерата – изјави прогнозерката на Би-Би-Си Џудит Ралстон.
Друг експерт за временска прогноза предупреди дека бурата „Еовин“ би можела да го донесе на Шкотска најнискиот притисок од 1982 година, што ќе ја направи една од „најинтензивните“ бури што ја погодиле земјата во поновата историја.
Во централна Шкотска има црвено предупредување додека бурата се движи кон исток.
Железничките оператори Avanti, LNER, Lumo и Northern во петокот издадоа предупредувања до патниците да не патуваат во северна Англија и северен Велс.
– Ако треба да патувате, подгответе се за тоа на што може да наидете. Очекувајте да наидете на паднати гранки и други остатоци на патиштата, особено во руралните области, им рекол Крис Вуд на возачите.
Би-Би-Си забележува дека веќе во четврток започнува голема промена на времето во Велика Британија, бидејќи обилните врнежи од дожд и силните ветрови ја зафатија земјата.
Another video from Quintrell downs #cornwall of strong winds ( possible downburst or a tornado after hail and thunder passed over)
Video courtesy of Niamh@NickJF75@bbcweather@AnthonyStorms7 @DundeeSat @BlackCountryWX @BBCCornwall @ITVCharlieP @itvnews @BBCCornwall… pic.twitter.com/vTRwEwT4G7
— Kernow Weather Team (@KWTWeather) January 23, 2025
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа