(ВИДЕО) Огромен пожар во хемиска фабрика во САД
Пожар повторно беснее во фабрика за смола во американската држава Џорџија, поради што властите издадоа наредба за евакуација. Пожарникарите првично го ставија пожарот под контрола, но тој повторно се разгоре во саботата попладне, испраќајќи огромен облак чад што се издигна над областа.
Градоначалникот Козби Џонсон ги повика граѓаните да одат во засолништа или на најбезбедното место во куќата и прогласи вонредна состојба. Одборот на округот Глин, исто така, нареди евакуација на жителите кои живеат на 800 метри од централата Пинова.
Засега нема извештаи за повредени.
„Ќе продолжиме да го гаснеме и обезбедуваме подрачјето додека местото на настанот не биде целосно под контрола“, изјави на прес-конференција Лоренс Каргиле од противпожарната служба во Бранзвик, пренесува NBC News.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа