ВИДЕО: Огромен пожар во Хамбург, облак полн со хемикалии се шири низ градот

 

 

Огромен пожар избувна на камионски паркинг утрово околу 4:30 часот во Хамбург. Полицијата ги предупреди жителите дека во правец на градот надоаѓа густ чад, а на местото на пожарот наводно истекува водород сулфид.

Целата станица досега изгоре, јавуваат германските медиуми. Пожарникарите на местото на пожарот можат да пристапат само со маски, а во околината се уште одекнуваат детонации.

Пожарникарите испратија официјална порака до граѓаните во населбата Ротенбургсорт да ги затворат прозорците и вратите бидејќи може да имаат последици од гасовите и хемиски соединенија од чадот во воздухот.

Затворен е и патот во околината на градот во двата правци за да можат пожарникарите да бидат поефикасни во гаснењето на пожарот, а се воспоставени и алтернативни правци.

Пожарникарите ги предупредија жителите да ја избегнуваат областа зафатена од пожарот.

„Ќе ве известиме кога ќе помине опасноста. Следете ги упатствата на службите за итни случаи. Ве молиме известете ги и вашите соседи, особено оние на кои можеби ќе им треба помош поради инвалидитет, јазични бариери или намалена подвижност“, велат тие.

09.04.2023 - 10:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега