Безбедна водата за пиење во Скопје: Сите анализи се во согласност со прописите

 


Водата во Скопје е безбедна, резултатите од испитувањата  одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење, соопшти ЈП Водовод и канализација – Скопје, објавувајќи го неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење во главниот град.

Како што информира претпријатието, анализите се спроведени од Секторот за санитарна контрола во  периодот од 14 до 18 октомври 2024.

За анализата биле земени 202 примерока за физичко-хемиска и 202 примерока за микробиолошка анализа на вода за пиење од 46 мерни места во Градот Скопје. 

21.10.2024 - 10:15

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега