ВИДЕО: Нов земјотрес додека новинар на терен јавува за состојбата, луѓето панично бегаат

 

 

Нов земјотрес со јачина од 7,5 степени ја погоди Турција по оној од 7,8, кој го потресе југоисточниот дел на земјата и во кој според последните податоци загинаа повеќе од илјада луѓе.

Нов земјотрес ја погоди областа околу Кахраманмараш, малку северно од Газиантеп, во 13 часот и 24 минути по локално време.

На социјалните мрежи се шират снимки на кои се гледа како луѓето бегаат во моментот на нов напад.

На една од нив, новинар јавува за состојбата од терен, кога почнува новиот силен потрес, а луѓето панично бегаат.

06.02.2023 - 14:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега