(ВИДЕО) Николоски: Експресниот пат Градско - Дреново ќе биде завршен до крајот на годинава

 

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук-профил објави видео од изградбата на експресниот пат Градско - Дреново и најави негово завршување до крајот на оваа година.

-Со ова видео од патот Градско - Дреново воведуваме нова динамика во работењето. Со добра работа и организација до Нова година ќе може да се вози по овој експресен пат што ќе го скрати патувањето од Битола и Прилеп до Скопје, Гевгелија и Солун, објави министерот Николоски. 

 

13.08.2024 - 10:13

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега