ВИДЕО: Неколку недели пред трагедијата јутјубер снимал како изгледа влегувањето во подморницата Титан
Јутјуберот Скуба Џејк го објави своето видео направено додека тргнувале да го посетат потонатиот брод Титаник. Видеото е направено само неколку недели пред трагедијата, за време на „Мисија III“. Неговата експедиција на крајот била откажана поради неочекувани проблеми.
Во видеото, можете да видите како изгледа процесот на влегување во подморницата, затворање со 17 завртки однадвор и нурнувањето.
„Ако експедицијата не беше откажана, трагедијата можеше да ни се случи и на нас“, вели во видеото јутјуберот, кој поминал девет дена на бродот „OceanGate“. Тој го покажа и процесот на мерење пред да влезе во подморницата.
„Носев неколку чоколадни бисквити, два сендвичи и камера за да можам да го снимам сето тоа“- објасни тој.
На видеото може да се види и Стоктон Раш, извршниот директор на „OceanGate“ кој загина во подморницата. Во една сцена, Раш го покажува и контролорот што ја контролира подморницата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа