(ВИДЕО) Моден спектакл „Ангел“ на Ива Спасовска за којшто долго ќе се зборува
Иако поминаа повеќе денови од модниот спектакл „Ангел“, на дизајнерката Ива Спасовска, импресиите во јавноста не стивнуваат. Позитивни вибрации од фасцинантната модна ревија се чувствуваат и денес, преку фотографии и видеа кои постојано се објавуваат на социјалните мрежи.
Дизајнерка Ива Спасовска на модната ревија ја претстави новата колекција на фустани инспирирани од женствената и боженствена енергија на жената.
Спасовска го лансираше и својот нов производ - парфем „Ангел“.
Настанот за кој уште долго ќе се зборува, а организиран од Ива доби повисока цел бидејќи беше од хуманитарен карактер и со поддршка од здружението „Ацт Македонија“ каде пристутните охрабрени со пораката “Биди и ти нечиј ангел” донираа за најранливите категории.
На модното случување настапија познати ѕвезди, пејачи и модели од Македонија.
Доколку не бевте присутни на настанот, не грижете се. Штотуку е објавено видео од целото модно случување, па дизајнерката се погрижи и Вие од вашите домови да ја почувствувате магијата којашто се случуваше таа вечер.
Целото шоу и ревија, од прием на гости до крај погледнете го во продолжение:
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа