ВИДЕО: Maж од САД ја испразнил банкарската сметка, а потоа фрлал пари додека возел на автопат
Маж од САД ја испразнил банкарската сметка на своето семејство, а потоа фрлал пари од автомобилот додека возел по автопат.
Државната полиција на Орегон одговорила на пријавата за возач кој фрлал банкноти од 100 долари од возило и веднаш го стигнала автомобилот управуван од Колин Мекарти (38).
Американските медиуми објавија дека речиси 200.000 долари биле фрлени од возилото на Мекарти додека неколку возачи се повлекле на страната на автопатот за да зграпчат дел од фрлените пари. И во ноќните часови луѓето барале заостанати банкноти.
Според „КМТР“, Мекарти на полицијата и рекол дека е добро.
„Сакам да ги благословувам другите со пари“, им рекол на полициските службеници.
Полицијата го предупредила мажот за можноста за создавање опасна ситуација на автопатот по што тој се согласил да застане.
Според полицијата, Мекарти не е обвинет за кривично дело, но полицајците ја разгледале таа опција.
Семејството на Мекарти побара од возачите кои ги земале парите пронајдени на автопатот да ги предадат на властите.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа