(ВИДЕО) Македонската полиција ќе ги добие бонус платите следниот месец

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во Собранието на Република Македонија кажа дека бонус платите до 2016 година не биле исплаќани.

-Во однос на исплаќањето бонус плата, сакам да ја информирам македонската јавност дека од моментот на носење на Закон за полиција во кој беше предвидена бонус плата, до 2016 година, ниту една година по исполнети услови не беше исплатена бонус платата. Секогаш во тој период беа побарувањата преку судови за да можат тие полициски службеници кои оствариле поголем број на работни часови, или вкупно во годината над 150 работни часови, да добијат надомест кој им следува по закон. Во тој период се исплатени 12.5 милиони евра на финансиски средства кои практично значат исплата на адвокатски трошоци и сите други трошоци, кажа министерот Спасовски.

Спасовски посочи дека откако тој раководи со МВР, исплатени се сите бонус плати.

-За 2016, 2017 и 2018 година беа исплатени сите три бонус плати одеднаш за да се стопираат, односно да се повлечат сите тужби, и од тој момент наваму 2019, 2020, 2021 редовно секоја година се исплаќаат бонус плати, заради тоа што тие средства ги предвидовме во Буџетот. Така да, сега ниту има тужби по овој основ, ниту извршувања, ниту наплати. За 2022 година се потпишани решенијата и на 5 или 6 јуни сега, зависно од трезорот, ќе бидат исплатени повторно сите бонус плати за сите полициски службеници. Откако сум јас министер до денеска, нема ниту една година неисплатена бонус плата, ниту се создавани дополнителни трошоци коишто ги имаме по однос на овој основ, објасни Спасовски.

27.05.2023 - 11:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа