ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче се обидуваат да ја политизираат и трагедијата во Кочани
СДС и Филипче се синоним за лицемерие и дволичност, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„СДС и Филипче со години ја уназадуваа и уништуваа државата.
На лицемерието и дволичноста на СДС и Филипче им нема крај. СДС и Филипче се обидуваат да ја политизираат и трагедијата во Кочани.
Поднесувањето на закон за настраданите од Кочани е исто како СДС да поднесе измени на закон за потекло на имот, Филипче за модуларната болница, а Заев за враќањето на името.
СДС да не ја политизира трагедијата во Кочани и да не се обидува преку трагедијата да добие политички поени плус.
Граѓаните ја препознаа вистината за СДС и нивниот начин на владеење со кој ја опустошија, испокрадоа и уназадија државата.
СДС се синоним за неспособност, предавства и криминал“, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа