ВИДЕО: Мајка со деца моли за помош на покрив во потопен град во Украина – немаат вода, ни храна
Во окупираниот град Олешки во Херсонската област настанала критична ситуација откако, како што тврдат Украинците, Русите ја кренале во воздух браната Нова Каховска.
Целиот град е практично под вода, а многу луѓе чекаат помош.
На интернет се појави видео од жена со две деца која седи на покривот на куќа без храна и вода и моли за помош.
Борците на една од артилериските бригади на Вооружените сили на Украина, која моментално ја брани Украина во јужниот правец, откриле жена со две деца на покривот на една од куќите во Олешки при лет на беспилотно летало.
Кога го виделе дронот, почнале очајно да сигнализираат дека им е потребна помош. На видеото снимено со беспилотно летало се гледа едно од двете деца од куќата. Во еден момент момчето почнува да плаче, жената исто така ги брише солзите со рака, пренесува Обозревател.ком.
Според армијата, жената и децата се без вода и храна околу еден ден. Украинската армија ги повикува оние кои имаат можност да го однесат семејството на безбедно место.
На социјалните мрежи се шири воздушна која покажува дека украинскиот град е целосно под вода.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа