(ВИДЕО) Курти отвори улица во Чаир: „Втора македонска бригада“ преименувана по политичар од Косово

 

Со музичка програма, обраќања и развиорени албански знамиња, група граѓани на Чаир и претставници на дел од албанските почитички партии се собраа попладнево во скопската населба, каде во посета допатува премиерот на Косово, Албин Курти, а улицата во помен на Партизаните „Втора македонска ударна бригада“, беше преименувана по политичарот од Косово и книжевник Адем Демачи.

Курти беше дочекан од првите луѓе на дел од албанските политички партии во земјава, но без присуство на лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

До Курти на свеченоста стоеше „огнениот“ Изет Меџити кој по несогласувањето со политиките на ДУИ оформи ново политичко движење, а присутни беа и лидерот на Алтернатива, Африм Гаши, како и градоначалникот на Тетово и прв човек на БЕСА, Биљал Касами, додека најава за средби на Курти со функионери од власта – нема.

Како што беше најавено, улицата „Втора македонска ударна бритада“, беше преименувана во „Адем Демачи“.

Претходно, политичката партија „Левица“ беше во Чаир и на истата улица ги постави имињата на сите загинати борци од Втората Македонска Бригада.

„Улицата која ги славеше оние кои го дадоа животот во борба со фашистичкиот бугарски окупатор од утре ќе го слави Адем Демачи, сепаратист од Југославија и борец за Голема Албанија и независност на Косово, неколку пати осудуван на затворска казна во Југославија“, рекоа од Левицата.

Адем Демачи бил албански писател и политичар, кој своето образование го стекнал во Приштина, Скопје и Белград.  Тој бил и раководител на политичкото крило на Ослободителна војска на Косово (ОВК), а потоа и политички активен во движењето Самоопределување на Албин Курти. Починал во 2018 година во Приштина.

 

Макфакс

 

11.08.2023 - 17:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега