ВИДЕО: Каналите во Венеција пресушија, аларм низ Европа
Многу блага зима, рекордно ниско ниво на дожд и неверојатен недостаток на снег во Европа ги оставија реките, каналите и езерата низ континентот на алармантно ниско ниво, а експертите предупредуваат дека може да се повторуваат големите суши од минатата година.
Сликите на пресушените речни корита и ниското ниво на езерата обично се поврзуваат со летните горештини, а не со зимата. Но, исклучително топлиот и сув почеток на годината погодува многу европски области, особено централна и југозападна Франција, северна Шпанија и северна Италија, пишува CNN.
Состојбата со водата во Европа стана многу несигурна, се вели во студијата објавена во јануари од истражувачите од Технолошкиот универзитет во Грац, кои користеле сателитски податоци за да ги анализираат светските подземни водни ресурси.
„Пред неколку години не замислував дека водата ќе биде проблем во Европа. Имаме проблеми со снабдувањето со вода – мораме да размислиме за тоа“, рече еден од истражувачите Торстен Мајер-Гур.
„Постои закана од многу полоша суша од минатата година“
Франција, која го доживува својот најсушен период во последните повеќе од 60 години, наскоро може да воведе ограничувања за водата. „Франција забележа 32 последователни дена без значителни врнежи, од 21 јануари до 21 февруари“, рече Симон Мителбергер, климатолог во Метео-Франс, најдолгиот период откако се водат записи во 1959 година.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа