(ВИДЕО) Како во филм: Гостин во ресторан уби разбојник во Тексас
Полицијата во Тексас започна опсежна потрага по гостин во ресторанот во Хјустон кој уби разбојник, а потоа им помогна на другите ограбени гости да си ги соберат парите.
Инцидентот е снимен од надзорните камери во ресторанот „Ранчито #4 Такерија“ во југозападниот дел на Хјустон, а на снимката се гледа како мажот извадил пиштол и отвора оган кон разбојникот.
Полицијата подоцна открила дека разбојникот влегол во ресторанот со пластичен пиштол. Полицијата преку соопштение за медиумите наведува дека не поднела пријава против човекот кој го уби разбојникот, но нагласуваат дека сакаат да разговараат со него за „неговата улога во пукањето“, пишува Гардијан.
Поручникот Вилкенс изјави дека осомничениот за грабеж имал 20-тина години и носел црна скијачка маска и црни ракавици за време на грабежот. Откако влегол во ресторанот, разбојникот вперил оружје кон гостите и им ги побарал паричниците и парите.
На видеото се гледа како еден од гостите посегнува по нешто, а потоа вади оружје додека осомничениот оди кон излезот.
Гостинот испукал најмалку девет куршуми кон разбојникот и го напуштил местото пред да пристигне полицијата. Педро Лопез, сопственикот на ресторанот, тврди дека тој и неговите вработени се уште се во шок. Останатите гости на ресторанот исто така го напуштиле местото пред да пристигне полицијата.
„Сите го напуштија местото освен сопственикот и работниците во продавницата. Ќе беше одлично да се вратеа на местото на настанот и да разговараа со нас. Тие мора да ни ги дадат своите изјави, особено лицето кое пукаше и си замина“, додаде Вилкенс.
Законот во Тексас дозволува некој да се брани ако верува дека неговиот живот е во опасност, иако границата помеѓу самоодбрана и употребата на непотребна сила може да биде прилично нејасна.
Томас Никсон, поранешен полицаец во Хјустон, а сега адвокат, објасни за „KPRC-TV“ дека гостинот ги има своите права според законите во Тексас.
„Лицето во кое пукал бил во процес на извршување на разбојништво и затоа неговата употреба на сила во одбрана на себе и невини трети лица е целосно оправдана. Имаше разумен страв од сериозни телесни повреди или смрт“, рече Никсон.
CAUGHT ON VIDEO: A customer at a taqueria shot and killed a robber at the restaurant on S. Gessner in southwest Houston, police said.
Read: https://t.co/3M4zQSUx2G pic.twitter.com/XQH8r8yHus
— KHOU 11 News Houston (@KHOU) January 6, 2023
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа