(ВИДЕО) Јанчева: Христијан Мицкоски веднаш да ја прекине блокадата на Скопје
На Скопје му се случува нова катастрофа предизвикана од ВМРО-ДПМНЕ, обвинува во денешното обраќање за медиумите Љубица Јанчева, , координаторка на советничката група на СДСМ и коалицијата во Советот на Град Скопје.
„Градот е заглавен како 11 години Македонија што беше заглавена, целосно парализиран, сообраќајот е во колапс, општ хаос на улиците.
Блокадите во Скопје се во политичка и целосно логистичка режија на Христијан Мицкоски. Тоа го прави и заедно со долгодишниот поддржувач на ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски, Ленин Јовановски. Цената на ваквото неодговорно, деструктивно однесување, ја плаќаат граѓаните на Скопје“, изјави Јанчева.
Таа вели дека работниците не може да стигнат на време на работа, учениците и студентите доцнат, родителите не можат децата во градинка да ги однесат, на лекар не може да се отиде, брза помош не може да помине.
„Ова е резултат на кавгите за тендери меѓу Мицкоски и Арсовска и неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ да управува со главниот град.
Арсовска беше кандидатка на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски, тие и ги собраа потписите, тој ја промовираше како идна најдобра „мајка на градот“. Дури и победата Арсовска ја славеше во Белиот дворец, а Мицкоски се фалеше дека го освоиле Град Скопје
Наместо цената за кавгите за тендери и рацете во медот меѓу Мицкоски и Арсовска да ја плаќаат скопјани, бараме:
Христијан Мицкоски веднаш да ја прекине блокадата на Скопје, додава Јанчева.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа