(ВИДЕО) Јакимовски по хаосот во Советот: Колешка била двапати удрена, ова сценарио беше како „шлаканиците“ во Центар

 

Градоначалникот на општина Карпош, Стевчо Јакимовски, извести дека ги повлекол сите точки од дневниот ред на вчерашната седница на Советот за да избегне ново сценарио, слично, како што вели, на она со „шлаканиците“ во Општина Центар.

„Јас вчера ги повлеков сите точки од дневен ред бидејќи бев известен дека наша колешка била двапати удрена. Сакав да го избегнам ова сценарио бидејќи беше многу слично со ‘шлаканиците’ во Центар. Можеше да настане општ хаос. Сакајќи да избегнам физички пресметки, јас ги повлеков точките од дневен ред со цел да се смири целата ситуација“, рече Јакимовски.

Мицкоски е во договор со актуелната власт, затоа не прави таму протести, туку во општина Карпош. Човек со кој тој се договара нормално е да не прави протести. Нема ли причина за што да се направат протести во Македонија, додаде градоначалникот.

Жителите на Карпош се собраа вчера на протест во зградата на Универзитетот за туризам и менаџмент, каде што се одржуваше седницата на Општината.

На седницата требаше да се разгледаат измените на неколку ДУП-ови.

Јакимовски претходно ги демантира, како што вели, „лагите дека со новиот ДУП на таа локација е предвидено да се градат пет нови згради“.

06.07.2023 - 12:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега