(ВИДЕО) Израел нападна либански град со римски урнатини
Израел денеска изврши најмалку два истовремени напада врз цели околу либанскиот град Баалбек, изјавија за „Ројтерс“ два безбедносни извора, што го означи првото израелско бомбардирање на источен Либан од избувнувањето на регионалните судири по почетокот на војната во Газа.
Израелската војска соопшти дека „во моментот гаѓа терористички цели на Хезболах длабоко во Либан“, но не даде дополнителни детали. Вооружената група Хезболах, која е поддржана од Иран, не го коментира веднаш инцидентот.
Хезболах и израелската војска разменуваат оган по должината на јужната граница на Либан од октомври кога Хезболах лансира проектили кон Израел како поддршка на својот палестински сојузник Хамас, кој води војна против Тел Авив во Појасот Газа.Израелските напади досега беа главно ограничени на јужната погранична провинција Либан, иако во изминатите неколку недели тие се проширија кон север. Денешниот бомбашки напад е продолжување на кампањата на Израел, изјави извор од либанските безбедносни сили.Либанската телевизија „Ал-Џадид“ објави снимка од облаци чад што се издигнуваат од дел од Баалбек. Областа околу Баалбек, во либанската долина Бека, е добро познато политичко упориште на Хезболах, а има и антички римски урнатини, а исто така е важен земјоделски и транспортен центар на Либан.
BREAKING: ISRAEL IS NOW BOMBING BAALBEK IN SOUTH LEBANON FOR THE FIRST TIME
Baalbek is a beautiful town in Lebanon. Israel continues its bombing and destruction pic.twitter.com/GO2gbgLz2y
— Sulaiman Ahmed (@ShaykhSulaiman) February 26, 2024
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа