(ВИДЕО) Градоначалничката Арсовска потврди дека има двојно државјанство
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска во вчерашното гостување во „Тешки муабети“ на Инфомакс, потврди дека има двојно државјанство, но не македонско и бугарско, туку чешко и македонско.
„Трагично е некој кој има бугарски пасош да кажува дека јас имам бугарски пасош“, кажа градоначалничката.
– Ова да не беше трагично, ќе беше смешно, особено имајќи во предвид од каде доаѓам. Тоа го зборуваат луѓе кои потврдено имаат бугарски пасоши. Има дел од луѓе кои го земале од мака, од економски причини, дел го земале да шетаат по светот без препреки, меѓутоа да бидеш носител на бугарски пасош и да критикуваш дека некој има е трагично. Имам чешко државјанство, од раѓање, по мајка, изјави Арсовска.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа