(ВИДЕО) Голем пожар кај мостот на Крим, Руси со дронови „камикаѕе“ го нападнаа Киев
Голем пожар избувна рано утринава во складиште за гориво на Русија во југозападниот крај Краснодар, во близина на мостот на Крим. Според локалниот гувернер, во пожарот нема жртви.
„Пожарот е класифициран како пожар со највисок степен на сериозност“, напиша Венијамин Кондратиев, гувернер на Краснодар. Пожарот избувна во селото Волна, во административната област Темрјук, рече тој.
Областа се наоѓа во близина на Кримскиот мост, кој го поврзува руското копно со полуостровот Крим. Се прават сите напори за да се спречи натамошно ширење на пожарот. Нема опасност за жителите на селото“, изјави Кондратјев.
Во текот на ноќта Русија ја почна третата рунда напади врз Украина во последните шест дена. Дрон удри во зграда во реонот на Днепар, а другите се испратени кон главниот град, соопштија украинските власти.
Командата на воздухопловните сили на Украина соопшти дека нејзините сили уништиле 21 од 26-те беспилотни летала „Шахед“ од иранско производство, испратени од Русија, а властите во Киев рекоа дека системите за воздушна одбрана ги елиминирале оние испратени над градот. Нема извештаи за жртви.
„Сите непријателски цели се идентификувани и соборени во воздушниот простор околу главниот град“, соопшти воената управа на Киев.
Сирените за воздушен напад се слушаа во Киев и околниот регион неколку часа, соопштија официјални лица.
Emergency Services are currently on-site of the ongoing Fire at a Fuel Depot in the Russian Port City of Taman in the Krasnodar Krai Region that was reportedly caused by a Ukrainian Drone Strike; the Fire is said to be “Contained” and has not yet spread to nearby Fuel Tanks. pic.twitter.com/ZVGBnQN577
— OSINTdefender (@sentdefender) May 3, 2023
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа