ВИДЕО: Глутница кучиња нападнаа домашен миленик во Аеродром, жителите алармираат дека шетаат со страв
Глутница од кучиња нападна домашен миленик и маж кој го шеташе на поводник, пишува „Макфакс“. Од вознемирувачката снимка се гледа како сопственикот на миленикот беспомошно се обидува да го спаси неговото куче од глутницата, додека тие го распарчуваат. Се обидува со повлекување на поводникот, но не успева. Се обидува со викање да ги растера, но исто така не успева.
„Му го изедоа кучето на човекот“, „Ексик веќе“, се слуша на снимката.
Жителка на Аеродром за „Макфакс“ посочува дека глутниците од бездомни кучиња предизвикуваат страв кај нив. Таа додава: „Се шетаме со страв, имаме и деца…“
„Имаме голем проблем со глутници кучиња, и секојдневно има по некое случување. Денес беше извршен напад кон домашен миленик“, посочува таа.
Грижата за бездомните кучиња во Скопје е должност на јавното претпријатие „Лајка“. Според информациите на жителката на Аеродром, овие кучиња немале жолти обетки, кои треба да означуваат дека се кастрирани.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа